
ФОТО+ВИДЕО | Анџелина Џоли со ќерката на концерт на „Манескин“: Актерката танцуваше на хитовите на Италијанците
Анџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло Џоли-Пит беа фотографирани на концертот на италијанскиот рок-бенд „Манескин“, кои вчеравечер имаа концерт во Рим.
Препорачано
Актерката одлично се забавуваше на концертот со својата шеснаесетгодишна ќерка. Корисници на социјалните мрежи беа воодушевени од Џоли која уживаше во хитовите на популарниот бенд. Таа танцуваше заедно со Шајло, насмеана и видно расположена. Покрај нејзината ќерка тинејџерка, очигледно и оскаровката е голем фан на Дамиано, Викторија, Томас и Итан.
View this post on Instagram
„Таа процвета по разводот. Како повторно да ја гледам Анџелина од раните 2000-ти“, напиша еден корисник на Твитер.
„Таа е дефинитивно најубавата жена на светот“, беше еден од бројните коментарите.
View this post on Instagram
Италијанскиот бенд Манескин го освои целиот свет кога победи на Евровизија во 2021 година со песната „Zitti e buoni“, која за рекордно време стана планетарно популарен хит. Членовите на бендот ја искористија популарноста што ја стекнаа со триумфот на музичкото натпреварување и продолжија да работат со полна пареа, снимајќи нови песни, спотови и патувајќи низ светот, но има работи кои многумина не ги знаат за овој млад бенд.
View this post on Instagram
Бендот Манескин го сочинуваат басистката Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раџи, тапанарот Итан Торкио и фронтменот Дамијано Дејвид, кој ги полуде фановите на рок музиката ширум светот. Малкумина знаат дека овие четворица млади се собрале кога биле средношколци и дека почнале да снимаат кавери на познати песни, како и да пеат по улиците на Рим и на тој начин да заработуваат свој џепарлак.
ВИДЕО | Дамиано Давид од „Манескин“ го опцу Путин за време на концерт во Рим