Фото: EPA

ФОТОГАЛЕРИЈА | Супермесечината синоќа блесна низ светот: Фотографиите се спектакуларни

Најголемата и најсветлата Супермесечина во 2024 година блесна ширум светот синоќа.

Во англофонските земји, оваа Полна Месечина популарно се нарекува „Месечина на ловецот“ бидејќи во минатото го означувала времето кога ловците ја користеле зголемената месечевата светлина за да ловат и да подготвуваат залихи за храна за зимата.

Фотографиите од Супермесечина од различни делови од светот се зачудувачки.

Супермесечина во Краков, Полска – Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI POLAND OUT
Супермесечина во Ливерпул, Британија – Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Супермесечина во Мумбаи, Индија – Фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI
Супермесечина во Сринагар, Индија – Фото: EPA-EFE/FAROOQ KHAN
Супермесечина во Рига, Латвија – Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS
Супермесечина во Рига, Латвија – Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS
Супермесечина во Рига, Латвија – Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS
Супермесечина во Рига, Латвија – Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS
Супермесечина во Јангон, Мјанмар – Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING
Супермесечина во Јангон, Мјанмар – Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING
Супермесечина во Дубаи – Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER
Супермесечина во Дубаи – Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Што е Супермесечина и зошто е оваа посебна?

Поради својата елиптична орбита, Месечината не е секогаш на исто растојание од Земјата. Кога фазата на полна месечина и перигеј се совпаѓаат, Месечината изгледа поголема и посветла од полната месечина во други периоди од годината.

Супермесечината се јавува кога Месечината е во фаза на полна месечина и исто така е на најблиската точка до Земјата во нејзината орбита, позната како перигеј.

Оваа „Месечина на ловецот“ е посебна поради неколку причини: Месечината се приближи до Земјата повеќе отколку во кое било друго време од годината, а за време на перигејот изгледаше 15 отсто поголема отколку кога беше во апогеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот