Фото: Karar Essa / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Феноменот „сина“ супермесечина синоќа го украси небото во светот и над Македонија, на некои места стана црвена

Сината супермесечина, редок астрономски феномен синоќа се појави на небото. Првата од четирите супермесечини оваа година, која е и т.н. сина месечина, на некои места стана црвена.

 

Кога орбитата на Месечината ќе ја приближи до Земјата повеќе од вообичаено, оваа космичка комбинација се нарекува супермесечина.

Џорџија, САД / Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Супермесечината е полна месечина во месечевата орбита која е најблиску до Земјата, а сината месечина е втората полна месечина во еден календарски месец или четири полни месечини во една сезона, што се случува еднаш на секои две до три години.

Атина, Грција / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Во текот на супермесечината, месечината изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посветла во споредба со она кога е најоддалечена од Земјата.

Августовската полна месечина има неколку имиња – супермесечина, сина месечина и месечина на есетрата.

Голден гејт, Сан Франциско / Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia

„Супер“ се однесува на орбитата на Месечината, што ја доближува малку поблиску до Земјата овој месец, зголемувајќи ја нејзината големина и сјај. „Сина“ значи дека ова е трета од четирите полни месечини оваа сезона, што е необична појава. Што се однесува до „есетра“, тоа се однесува на индиското име за августовската полна месечина, пишува „Ју-ес-еј тудеј“.

Дортмунд, Германија/ Фото: INA FASSBENDER / AFP / Profimedia

По оваа супермесечина, следната ќе биде на 18 септември, потоа на 17 октомври, а последната супермесечина во годината ќе биде на 15 ноември.

Ајндховен, Холандија / Фото: Nicolas Economou / Zuma Press / Profimedia

Покрај супермесечината, во септември ќе има и делумно затемнување на месечината.

Лос Анџелес, САД / Фото: Image of Sport / Newscom / Profimedia

Времето помеѓу супер сините месечини може да биде долго и 20 години – но генерално, 10 години е просек.

Најаф, Ирак / Фото: Karar Essa / AFP / Profimedia

Супермесечината се јавува кога орбитата на Месечината е најблиску до Земјата во исто време кога Месечината е полна. Терминот го смисли астрологот Ричард Нол во 1979 година.

Сина супермесечина на 19 август: Утре нè очекува величествена глетка на небото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот