Фото: Зоран Русмир

ФОТОГАЛЕРИЈА | Неверојатната колоритна убавина на парковите во Виена!

Туркеншанц парк е еден од најпознатите паркови во Виена, сместен во 18-тиот виенски округ, Веринг. Овој парк се простира на површина од околу 150.000 квадратни метри и претставува популарно место за рекреација, одмор и уживање во природата, како за локалното население, така и за туристите.

Паркот Туркеншанц во Виена / Фото: Зоран Русмир

Името на паркот потекнува од историските настани поврзани со опсадите на Виена во 16-тиот и 17-тиот век, кога Османлиското Царство се обидувало да го заземе градот. Се смета дека оваа област била дел од турските ровови, односно воени утврдувања, што влијаело на денешното име на паркот.

Фото: Зоран Русмир

Денес, Туркеншанц парк ги привлекува посетителите со својата разновидност на пејзажи, ботаничко богатство и различни содржини. Паркот содржи повеќе од 3.000 различни видови дрвја и растенија, што го прави особено интересен за љубителите на хортикултурата. Особено атрактивни се романтичните вештачки потоци, езерца, како и мостови што создаваат пријатна и опуштена атмосфера.

Фото: Зоран Русмир

Покрај тоа, паркот нуди игралишта за деца, патеки за трчање и зони за пикник, што го прави идеално место за семејни излети.

Во потоплите месеци, посетителите можат да уживаат во градините полни со цвеќе и малите угостителски објекти, додека во зима, паркот се трансформира во мирно место за прошетки и уживање на свежиот воздух. Оваа разновидна понуда го прави Туркеншанц парк еден од омилените на Виенчани.

Фото: Зоран Русмир

Паркот Оберлаа, (заради Термалните бањи) познат и како Курпарк Оберлаа, е еден од најголемите и најубавите паркови во Виена. Сместен во 10-тиот округ (Фаворитен), овој парк е дизајниран во 1970-тите за потребите на Виенската меѓународна градинарска изложба (WIG 74). Oваа година прославува 50 години постоење денес тој претставува прекрасно место за релаксација, прошетки и рекреација.

Интересен факт за Оберлаа е дека паркот е поделен на тематски градини, секоја со свој уникатен дизајн и карактеристики.

Некои од најпопуларните делови вклучуваат Јапонската градина, која нуди мир и хармонија, и Розовата градина, позната по своите шарени цветови и прекрасен мирис.

Покрај тоа, Оберлаа е познат и по своите термални извори и близината на Therme Wien, што го прави атрактивно место за посета и релаксација во сите годишни времиња.

Фото: Зоран Русмир

Паркот Шенбрун е дел од познатата палата Шенбрун во Виена, која е една од најзначајните културни и историски знаменитости во Австрија и зафаќа површина од околу 160 хектари.

Планиран и уреден бил во 18-тиот век од познатиот архитект Жан Треј, кој исто така учествувал во уредување на многу други кралски градини во Европа.

Фото: Зоран Русмир

За потребите на паркот во 1754 година од страна на Марија Терезија била основана Кралска академија за градинарство во Шенбрун. oваа академија oспособувала работници за одржување паркот koj бил создаден во барокен стил и првично служел како градина за царската фамилија на Хабсбурговците. Во денешно време, академијата не постои како институција , но начинот на кастрење и одржување на дрвјата и растенијата во паркот датира од тоа време.

Шенбрун заедно со паркот е ставен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО поради својата историска и уметничка вредност.

Долгата ноќ на музеите во Австрија собра повеќе од 300.000 посетители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот