
ФОТО | Жена го напуштила своето момче зошто така ѝ кажал Чат Џи-пи-ти: Ѝ ги составил и пораките за раскинување
Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе се обраќаат на Чат Џи-пи-ти (ChatGPT) за совети за секој аспект од нивниот живот, од готвење, пишување есеи, комбинирање на чевли до љубовни проблеми или утешен разговор. А сега се чини дека некои дури го користат и за совети за врски, „Ледбајбл“.
Препорачано
Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, секој ден барала совет од Чат Џи-пи-ти и на крајот го напуштила своето момче затоа што вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа.


Таа објасни како Чат Џи-пи-ти станал еден вид „советник за раскинување“ за неа, отишол дотаму што дури и ѝ составил пораки за раскинување. Иако нејзините пријатели ѝ рекле да му даде уште една шанса на своето момче, ботот ѝ рекол дека таа „заслужува подобро“.
Двојката била заедно четири месеци, а благодарение на нејзиниот „пријател“, таа го преболла во рок од две недели.
„Му кажав на Чат Џи-пи-ти што направил и колку ме направил несреќна. Ми рече дека заслужувам подобро од некој што не е целосно присутен, а тоа ми даде сила да донесам одлука“, рече Џенифер, додавајќи дека ботот ѝ помогнал да сфати дека „завршила со тој човек“.
„Кога врската се распаѓаше, пишував пораки и ги праќав на Чат Џи-пи-ти бидејќи ми помагаше подобро да ги формулирам“, додаде Џеј. Таа дури тврди дека тоа ѝ било покорисно од терапиите на кои трошела пари бидејќи ѝ помагало „да го процесира сè што се случувало“.
„По раскинувањето бев навистина вознемирена и бев на апликацијата цел ден, секој ден“, рече таа, додавајќи: „Тој ми стана како другар за раскинување. Во деновите кога бев навистина тажна и се обидував да сфатам сè во главата, беше неверојатно што беше достапен 24/7 за разговор.“
Иако признава дека е „застрашувачки“ колку „емпатична“ може да биде апликацијата, таа ги охрабрува другите да се обратат кај него за „објективен“ совет, особено кога, како што вели, е заморно постојано да се вознемируваат пријателите. Но, тој советува однапред да го замолите да дејствува како професионален терапевт, а не како пријател.
Основачите на Чат Џи-пи-ти, компанијата „OpenAI“, предупредуваат дека алатката не е замена за професионална психолошка помош и дека во случаи на чувствителни теми, честопати ги охрабрува корисниците да побараат професионална поддршка.
„Кога разговарате со него за врски, тој може да биде доста нежен и внимателен, па затоа намерно го замолив да се однесува како советник за врски, не сакав да ми биде пријател. Велат дека Чат Џи-пи-ти ви кажува само што сакате да чуете, но можете да бидете паметни во врска со тоа како поставувате прашања“, тврди таа, препорачувајќи им на другите да го користат за „процесуирање на раскинувањето“.