Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

ФОТО | Вонземjанин или жена-мачка: Изгледот на Мадона ги подели фановите

Славната пејачка Мадона во целост му се посвети на завршувањето на новиот албум „Madame X“, па така таа поголем дел од времето го поминува во музичкото студио. Меѓутоа, иако е зафатена со работа, 62-годишната кралица на попот кратките паузи ги користи со цел на социјалните мрежи да се пофали со новите, провокативни фотографии.

Така покрај низата гламурозни снимки кои ги објави на Инстаграм, сега таа позира во гламурозен „Gucci“ комплет и мрежести чорапи, а судејќи според коментарите на фановите, изгледа дека нејзиниот младолик изглед уште еднаш ја подели јавноста.

Додека некои ја пофалија, други ја критикуваа пишувајќи дека во последно време е опседната со пластичните операции кои веќе и го упропастиле лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


„Дефинитивно претерала и со филерите и ботоксот, започнува да личи на жена-мачка или на вонземјанин! Со децении беше апсолутна кралица на трансформациите, но ова нема врска со шминката и модата, ова е доказ дека пластичните операции не ѝ успеале воопшто“, пишуваат разочараните фанови.

Мадона никогаш не ги коментираше наводите дали била под нож, но затоа неодамна се пофали со својата нова тетоважа. Откако на крајот на 2020 година таа ја направи својата прва тетоважа – на раката ги напиша иницијалите од децата „L R D M S E“, сега на десната наддланка истетовира црвено „X“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот