Викторија и Дејвид Бекам - Фото: Инстаграм

ФОТО | Викторија Бекам објави фотографија од Дејвид во костим за капење: „Каква кралица, секогаш нè храни со слики од нејзиниот секси сопруг“

Викторија Бекам го помина летото со своето семејство на јахта вредна 16 милиони фунти крстарејќи по Медитеранот, но нивниот најстар син Бруклин, кој моментално е во конфликт со остатокот од семејството, не беше со нив.

Викторија објави серија фотографии на Инстаграм на кои се забавуваше ова лето, а една го привлече вниманието на фановите. Имено, на една фотографија, 50-годишниот поранешен фудбалер позира на јахта во шорцеви, што беше доволно за да предизвика лавина од коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

„Дејвид, толку си згоден, само ти можеш да позираш во костими за капење“, „Ах, убави фотографии“, „Дејвид, прекрасен си“, „Благодарам за твојата дарежливост за слајд 15“, „Дејвид, стави крема за сончање“, „Каква кралица, секогаш нè храни со слики од нејзиниот секси сопруг“ и „Дури и таа се смее на фотографиите“, пишува меѓу многуте коментари на објавата на Викторија.

Патем, многумина во коментарите го споменаа Бруклин Бекам, кој моментално е на еден вид „пауза“ од своите родители, како и од своите браќа и сестри, со кои беше исклучително близок. Бруклин го поминува летото со сопругата Никол Пелц, а не се појави на ниту еден од настаните по повод 50-тиот роденден на Дејвид во јуни. Очигледно, тензијата во семејството се појавила и поради Ким Тернбол, новата девојка на Ромео, која наводно била во врска со Бруклин пред таа да започне врска со Ромео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!