ФОТО+ВИДЕО: Убиен средношколец во Северна Каролина

Полициска лента во САД/Фото Архива на Слободен Печат

Средношколец вчера бил застрелан во средното училиште во Северна Каролина, објави полицијата на таа американска држава, додавајќи дека го уапсила осомничениот, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Градската полиција од Винстон-Салем пристигна во средното училиште Маунт Табор околу пладне, рече на прес-конференција началникот Катрина Томпсон.

Полицијата на лице место пронашла ученик ранет од истрел од огнено оружје. Детето било пренесено во болница каде подлегнало на раните, рече Томпсон низ солзи, не откравајќи ја возраста на жртвата.

„Имаме мајка и семејство кои нема да можат да го гушнат своето дете вечерва“, додаде таа.

Осомничениот, за кој се верува дека е ученик во истото училиште, бил приведен.

Ова е второ пукање во средно училиште во Северна Каролина од почетокот на неделата, што сведочи за таа трајна опасност во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот