Фото: David Canales/SOPA Images/Shutte / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО + ВИДЕО | Се одржа традиционалниот шпански фестивал „Ла Томатина“: 22.000 луѓе се гаѓаа со домати

Улиците на градот Бунол, во Источна Шпанија беа преплавени со црвен доматен сок во средата, додека луѓето фрлаа презреани домати еден на друг на традиционалниот фестивал „Ла Томатина“, кој привлече толпа луѓе.

Пливање во сос од домати, фрлање домати еден на друг, па дури и правење „доматни ангели“, се дел од активностите во кои се вклучија илјадници за време на шпанскиот фестивал.

Фото: SOPA Images / ddp USA / Profimedia

Околу 22.000 учесници облечени во бела облека попрскана со пулпа од домати учествуваа во лудилото што го зафати Бунол, 40 километри западно од Валенсија, секоја година во последната недела од август.

Седум камиони испорачаа 150 тони зрели домати, кои беа поделени на учесниците на фестивалот, од кои голем дел дојдоа од странство. Сите кои не живеат во Бунол плаќаат такса од 15 евра, додека локалните жители уживаат бесплатно.

По завршувањето на „битката“, екипа за чистење беше испратена да ги исчисти улиците од доматите. Доматите кои се одгледуваат специјално за фестивалот се сметаат за премногу кисели и не се погодни за консумирање од страна на луѓето, пишува „Би-би-си“.

Според официјалната веб-страница на „Ла Томатина“, фестивалот е основан во 1945 година. Сѐ започнало со тепачка кога млади луѓе кои се обиделе да ја видат парадата одблиску собориле еден од учесниците. Неколку луѓе земале домати од блискиот штанд и ги користеле како импровизирани проектили додека полицијата не воспоставила ред.

Следната година младите повторно ја организирале „битката“, а некои донеле и сопствени домати. Настанот бил накратко забранет во 1950-тите под фашистичката диктатура на генералот Франциско Франко, но продолжил во 1959 година со одредени правила.

Фото: SOPA Images / ddp USA / Profimedia
Фото: David Canales/SOPA Images/Shutte / Shutterstock Editorial / Profimedia
Фото: SOPA Images / ddp USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот