Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ФОТО+ВИДЕО | Ким Кардашијан шокираше со фустанот на Мет Гала: Како може воопшто да дише во ова?

Синоќа се одржа овогодинешната Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашијан, чиј фустан привлече големо внимание.

Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како ријалити ѕвездата успеала да велезе во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во толку тесен корсет.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник.

“Како дише Ким Кардашијан? Нејзиниот струк изгледа толку мал”, рекол друг. „Половината на Ким Кардашијан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.

“Ким Кардашијан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро”, “Не ми се допаѓа Ким Кардашијан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пекол” беа некои од други коментари.

Инаку, овогодинешниот официјален дрес код за настанот беше – „Градина на времето“. Темата го носи своето име од расказот од 1962 година на британскиот писател Џеј Џеј Балард, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметност „Метрополитен“ беше преплавен со прекрасни креации кои тешко може да се видат на друго место.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот