Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ grazcg

ФОТО + ВИДЕО | Девојка го прослави роденденот во ковчег: Ги замолила гостите да се однесуваат како да се на погреб

Бразилските медиуми неодамна објавија вест за роденденска забава на која славеничката била во вистински ковчег, пренесе „Б92“.

Убавата Граци Гервазио (28) ги замолила гостите да се однесуваат како да се на бдение, да бидат тажни, а околу нив имало слики од неа и запалени свеќи.

Секако, роденденот не можел да помине без торта, а славеничката ги дувнала роденденските свеќички, со громогласен аплауз.

Ваквиот начин на славење го привлече вниманието на целата бразилска јавност, а речиси и да нема медиум кој не извести за роденденската прослава која наликувала на погреб.

Додека фотографиите собраа илјадници лајкови на социјалните мрежи, имаше и такви на кои идејата им беше „морбидна“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ grazcg
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ grazcg
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ grazcg
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ saquinho de lixo
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ saquinho de lixo

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот