
ФОТО | Венеција „потопена“ од убавина: Погледнете ги бајковитите креации на славните дами на црвениот тепих!
Тоалетите на најубавите дами го раздрмаа црвениот тепих во Венеција. По црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција прошетаа бројни актери, режисери и по некој политичар, но шоуто го „украдоа“ славните дами.
Препорачано
Деновите на виртуелни фестивали и мавтањето на познати личности облечени во пижами од топлината на нивните домови се дефинитивно зад нас, а славните дами едвај дочекаа да се вратат на црвениот тепих – и изгледаат брилијантно!
Фото: Профимедиа
Светските ѕвезди се собраа на едно место, на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, каде неуморно дефилираат и позираат, со што на светот му испратија гламурозна слика за фестивалот, кој оваа година очекува повеќе sвезди од кога било.
Фото: Профимедиа
Апсолутна кралица на Мостра со право може да се каже дека е шпанската актерка Пенелопе Круз, која секој ден воодушевува со тоалетите со потпис на „Шанел“.
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Тука се и Џесика Честејн, Кристен Стјуарт, Адријана Лима, Изабел Голур, Зендаја, Дакота Џонсон, Бјанка Балти, Барбара Палвин, Георгина Родригез, Сара Сампајо…
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Со денови се раскажува за раскошната креација на модната куќа „Гучи“, која брилијантно ја прошета актерката Дакота Џонсон.
Фото: Профимедиа
Кристен Стјуарт е уште една актерка која го отелотворува ликот и делото на трагично загинатата принцеза Дијана. Во склоп на промоцијата на нејзиниот нов филм „Спенсер“, Стјуарт прошета по црвениот тепих, облечена во „Шанел“.
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Бразилската убавица, супермоделот Адријана Лима освен својата раскошна убавина и тоалети, го покажа и своето ново момче.
Фото: Профимедиа
Сите се согласни во едно – на Мостра нема место за здодевност и клише. Сѐ е во знакот на гламурот.