
ФОТО | Вака Сидни Свини го прослави крајот на летото и нејзиниот 28-ми роденден
Иако започна есента, една од најпопуларните актерки во светот, Сидни Свини, со своите фотографии многумина ги врати во летните денови.
Препорачано
Откако неодамна ги пополни медиумските наслови за нејзината соработка со брендот „Американ Игл“, актерката Сидни Свини повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради атрактивните фотографии во бикини што ги направи за да го означи крајот на летото.
View this post on Instagram
Се чини дека актерката одлучила да го прослави крајот на летото со патување до езерото Пауел, а патувањето послужило и како прослава на нејзиниот 28-ми роденден, кој беше на 12 септември. Судејќи според објавите на Инстаграм, прославата на роденденот била исполнета со авантури, а таа сè документирала со низа фотографии што ги воодушевиле нејзините следбеници.
Објавата брзо собра повеќе од 2,7 милиони лајкови, потврдувајќи ја огромната популарност на младата актерка. Таа ги опиша фотографиите со краткиот опис: „Мало патување на Марс“. Коментарите на обожавателите се движеа од комплименти за нејзиниот изглед до хумористични алузии на нејзината неодамнешна рекламна кампања.
„Убави фармерки“, напиша еден корисник, алудирајќи на рекламите на „American Eagle“. Иако ги објави фотографиите од крајот на летото пред една недела, обожавателите сè уште коментираат под објавата.
Иако летото заврши, Свини очигледно ги користи максимално последните топли денови, а многумина коментираат дека го вратила летното чувство во првите денови од есента.