ФОТО: Уредникот на „Новаја Газета“ испрскан со црвена боја

Дмитриј Муратов, уредник на Новаја Газета испрскан со црвена боја/ Фото Твитер

Добитникот на Нобеловата награда за мир и главен уредник на рускиот весник „Новаја Газета“, Дмитриј Муратов, бил испрскан со црвена боја од непознат напаѓач додека се возел во воз.

Муратов е еден од ретките преостанати независни новинари во Русија.

Новаја газета објави информација за нападот и фотографии од нејзиниот главен уредник и купето во возот, прелиено со црвена боја.

„Мене и целото купе ме преплавија со маслена боја со ацетон. Очите страшно ме печат. Напаѓачот извика: Мурат, ова е за нашите момчиња“, изјавил рускиот нобеловец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот