
ФОТО | Том Круз, Џулија Робертс, Кортни Кокс… Многу познати фаци се појавија на финалето на Вимблдон
Финалето на Вимблдон, во кое играа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз, се одржа вчера во 15 часот. Новак Ѓоковиќ, за жал, ја загуби можноста уште еднаш да биде шампион на Вимблдон, но овој тениски турнир вчера секако ја оправда титулата најпрестижен во светот.
Препорачано
И оваа година на трибините се собра „кремот“ на светската елита – од принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која се појави со ќерката, принцезата Шарлот и нејзината сестра Пипа Мидлтон, до холивудските ѕвезди како Том Круз, Џулија Робертс, Кортни Кокс… На трибините најголемо воодушевување предизвика присуството на Кејт Мидлтон.

Во кралската ложа беа снимени актерите Том Круз, Хју Џекмен, Пирс Броснан, Бенедикт Камбербач, како и актерката Џулија Робертс, а на трибините можеа да се видат и Арон Тејлор Џонсон, Пол Мескал, Кортни Кокс, Глен Клоуз, Кејт Бекинсејл, пејачката Пинк и многу други славни ѕвезди.

Кортни Кокс пристигна во друштво на долгогодишниот партнер Џони Мекдејд, додека, пак, Џулија Робертс беше во придружба на сопругот Даниел Модер.


Да потсетиме, до неодамна се шпекулираше дали Кејт Мидлтон ќе се појави на Вимблдон откако ѝ беше дијагностициран рак, а обожавателите беа воодушевени од веста дека и оваа година традиционално ќе му го подари пехарот на победникот.