НАСА
Јупитер / Фото: NASA

ФОТО | Фасцинантен поглед на Јупитер преку телескопот „Џејмс Веб“

На новите фотографии, Џејмс Веб го „вперил“ својот поглед во најголемата планета во Сончевиот систем и покажа сосема поинаков поглед на Јупитер преку своите инфрацрвени камери.

Големиот вселенски телескоп Џејмс Веб би требало да ги открие тајните на универзумот од неговите најрани моменти, но во понеделникот НАСА објави нови фотографии направени од „Веб“ во нашето соседство.

На фотографиите е прикажан Јупитер преку инфрацрвените камери на телескопот, кои вообичаено се користат за откривање ѕвезди, маглини и други далечни вселенски тела кои се премногу студени или премногу оддалечени за да бидат во видливиот спектар.

На една од фотографиите се прикажува темната позадина на вселената и дава детален приказ на нејзината турбулентна атмосфера. Така можете да ги видите и аурорите на половите, а Големата црвена дамка, односно огромната бура, е бела на оваа фотографија бидејќи рефлектира многу сончева светлина на оваа композитна фотографија и е на многу поголема надморска височина, како и други светли облаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA (@nasa)

Втората фотографија ни дава нешто поширока слика, но и подетален приказ на прстените на Јупитер, кои се неколку милиони пати побледи од планетата. А на фотографијата се и двата сателита – Адрастеа и Амалтеја.

Веб неколку пати нè воодушеви со фасцинантни фотографии од вселената, пред три недели светот имаше приказ на исклучително необична галаксија Тркало, светол објект кој се наоѓа на 500 милиони светлосни години од Земјата, а настанал како резултат на судир на две галаксии.

Телескопот Веб штотуку почна да ги осветлува тајните делови на нашиот универзум, а со текот на времето дури и ќе ни помогне во потрагата по вонземјани. Патувањето, несомнено, само што започна!

Повеќе написи на темата:

ФОТО: Погледнете ги најдеталните фотографии од универзумот досега кои ги објави НАСА

 

Фасцинантна глетка: Телескопот Џејмс Веб со нова детална слика од исклучително необична галаксија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот