
ФОТО | Таа е чист пример дека стилот не се купува со пари: Георгина Родригез ги згрози сите, „Кристијано, те молам, вработи ѝ стилист“
Модните експерти постојано истакнуваат дека Георгина Родригез, партнерка на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, е жена која не може да се пофали со добар моден стил. Нејзиниот моден избор често предизвикува бурни реакции во јавноста, кои, за жал, се главно негативни.
Препорачано
Позната по љубовта кон скапите парчиња облека, кои најчесто ги добива благодарение нa својот свршеник Кристијано Роналдо, Георгина напорно се труди да импресионира, но многумина веруваат дека резултатите се далеку од очекувани.

Нејзината последна објава на Инстаграм дополнително ги разбранува страстите. Имено, додека Роналдо се подготвувал за следниот натпревар, Георгина го следела во чекор и споделила фотографии од нивниот луксузен приватен авион со опис:
„Пред неколку дена со човекот од моите соништа“, напишала Георгина.

Реакциите на нејзините следбеници беа поделени, што јасно се гледа од коментарите. Додека едни го пофалија нејзиниот изглед, други не штедеа зборови на критика.
„Стилот не се купува со пари“, коментирал еден корисник, додека друг додал: „Не грижи се, гледаме скап накит, но каде е стилот?“. Некои отидоа чекор понатаму и забележаа: „Изгледаш како реклама за часовници и дијаманти“, „Кристијано, те молам вработи моден консултант за неа“, „Доколку стилот имаше цена, овде ќе беше на распродажба“, „Кристијано го носи тимот на својот грб, ти го носиш целиот накит на својот“, „Ти можеш да побегнеш од своето село, но селото нема да побегне од тебе“, „Премногу злато, ти недостасува уште папагал на рамо и брод за да бидеш пират“.

Ова не е првпат Георгина да биде мета на критики поради нејзиниот гламурозен, но сомнителен моден избор. Експертите тврдат дека нејзината опседнатост со скапи парчиња често е во спротивност со основните правила на елеганција и софистицираност.
ФОТО | Георгина Родригез заврши во болница: „Подобро сум, но сè уште закрепнувам“