Метју Меконахи и Новак Ѓоковиќ - Фото: EPA

ФОТО | Стигнуваат честитки за Ѓоковиќ од Холивуд: Метју Меконахи му ја честиташе 100-тата титула на српскиот тенисер

Новак Ѓоковиќ имаше голем момент овој викенд во Женева, каде што по повеќе од три часа борба успеа да го победи Хуберт Хуркач во финалето и со тоа да стигне до својот 100-ти пехар во кариерата.

На овој начин, Новак влезе во одбраното друштво на бесмртни тенисери, а сега само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103 имаат повеќе трофеи од него.

Многумина му честитаа на Ѓоковиќ за големиот успех, а меѓу оние кои му испратија порака на најдобриот тенисер во светот беа Богдан Богдановиќ, кој го напиша бројот сто заедно со фотографија од него, Хуан Мартин Дел Потро, кој постапи на сличен начин, како и легендарната Били Џин Кинг.

– 100 титули во кариерата, неверојатно. Честитки – напиша Били Џин Кинг.

Познатиот холивудски актер Метју Меконахи исто така се огласи и му испрати убава порака на Ѓоковиќ преку социјалната мрежа „Икс“.

– 100 титули за Новак Ѓоковиќ. Жива легенда – напиша познатиот актер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот