Владимир Путин / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | „Среќен роденден претседателе“: Роденденски честитки до Путин на билборди во Ниш

Според податоците од последниот попис на населението во Србија, во Ниш живее 121 Русин

Честитки до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод неговиот 73-ти роденден денес се појавија на три LED билборди во центарот на Ниш. Граѓаните известуваат дека билборд со честитки до Путин има и на улицата Матејевац, пишува „Јужне вести“.

На три дигиталните екрани се наоѓа фотографијата на Путин, како и пораката: „Среќен роденден, претседателе!“. Потписот гласи: „Друштво на српско-руско пријателство „братство“.

Во Ниш, само Друштвото на српско-белоруско пријателство е регистрирано под името „Братство“, чиј правен застапник е поранешниот градски советник и портпарол на Дирекцијата за јавен превоз, Ненад Станковиќ.

Во согласност со Одлуката за рекламирање на територијата на градот Ниш, за какво било поставување визуелни пораки во јавен простор потребна е  претходна согласност од  градската самоуправа во Ниш, од каде медиумот не добил потврда дека е издадена соодветна дозвола за овие билборди, ниту пак одговор за тоа кој е нарачателот и колку се платени билбордите.

Според податоците од последниот попис на населението во Србија, во Ниш живее само 121 Русин. И покрај ова, на локалните избори минатата година, Руската партија, на која нема Руси, се кандидираше како кандидат на малцинството, освои еден мандат и „пресуди“ дека коалицијата собрана околу СНС ќе ја преземе власта во градот.

View this post on Instagram

 

A post shared by Južne vesti (@juznevesti)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот