
ФОТО | „Среќен роденден претседателе“: Роденденски честитки до Путин на билборди во Ниш
Според податоците од последниот попис на населението во Србија, во Ниш живее 121 Русин
Честитки до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод неговиот 73-ти роденден денес се појавија на три LED билборди во центарот на Ниш. Граѓаните известуваат дека билборд со честитки до Путин има и на улицата Матејевац, пишува „Јужне вести“.
Препорачано
На три дигиталните екрани се наоѓа фотографијата на Путин, како и пораката: „Среќен роденден, претседателе!“. Потписот гласи: „Друштво на српско-руско пријателство „братство“.
Во Ниш, само Друштвото на српско-белоруско пријателство е регистрирано под името „Братство“, чиј правен застапник е поранешниот градски советник и портпарол на Дирекцијата за јавен превоз, Ненад Станковиќ.
Во согласност со Одлуката за рекламирање на територијата на градот Ниш, за какво било поставување визуелни пораки во јавен простор потребна е претходна согласност од градската самоуправа во Ниш, од каде медиумот не добил потврда дека е издадена соодветна дозвола за овие билборди, ниту пак одговор за тоа кој е нарачателот и колку се платени билбордите.
Според податоците од последниот попис на населението во Србија, во Ниш живее само 121 Русин. И покрај ова, на локалните избори минатата година, Руската партија, на која нема Руси, се кандидираше како кандидат на малцинството, освои еден мандат и „пресуди“ дека коалицијата собрана околу СНС ќе ја преземе власта во градот.
View this post on Instagram