ФОТО: Спасени 120 планинари кои беа заробени од невремето на Триглав

ФОТО: Telegraf.rs

120 планинари кои беа заглавени во долината Крма во Националниот парк Триглав во Словенија, беа успешно евакуирани, пишува Telegraf.rs.

Поради невремето што во средата попладне ја зафати Словенија, тие останаа заглавени во долината, каде поради непроодни патишта ноќта ја минаа во Ковинарската колиба, додека планинската спасувачка служба ги снабдуваше со храна и лекови.

Меѓу заглавените планинари имало и 35 слепи и слабовидни лица, како и странски државјани. Утрото по копнен пат биле префрлени во населени места, додека две лица со хеликоптер биле префрлени во здравствена установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот