Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

ФОТО | Соба полна со наркотици и неред: Се појавија фотографии од хотелот каде што загина Лиам Пејн

Лиам Пејн почина вчера и извештаите сугерираат дека последниот ден го поминал хаотично.

Aмериканските медиуми, пишуваат дека Лијам „се однесувал непредвидливо“ непосредно пред неговата смрт. Неговото однесување привлекло внимание неколку минути пред трагичниот пад, кога тој наводно го скршил лаптопот во лобито на хотелот и бил одвлечен во својата соба.

Како што пренесуваат светските медиуми, на социјалните мрежи се појавија наводни фотографии од луксузната соба на Лиам.

Сликите од неговата соба покажуваат скршен телевизор, прашкаста материја за која се верува дека е дрога, и разни други предмети, вклучувајќи свеќи, алуминиумска фолија, изгорена лименка, запалка и повеќе расфрлани предмети низ просторијата. Фотографиите наводно се преземени од локални аргентински медиуми, а нивната автентичност сè уште не е потврдена. Сепак, социјалните мрежи брзо ја споделија оваа информација.

Итен повик од менаџерот на хотелот во Буенос Аирес, каде што почина Лијам, укажува дека пејачот можеби бил под дејство на алкохол и дрога. Протече и вознемирувачки повик на 911 од менаџерот на хотелот, кој ги расветли настаните што доведоа до трагедијата.

ФОТО+ВИДЕО | Лиам Пејн од „Уан дирекшн“ пронајден мртов: Пејачот паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес

Поранешната свршеница на Лиам Пејн откри: „Ми велеше дека ќе умре и дека нема уште долго да биде тука“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот