Фото: Инстаграм

ФОТО | Со порака на кирилица: Новак Ѓоковиќ ги честиташе божиќните празници и сподели ретки семејни фотографии

Новак Ѓоковиќ сподели ретки семејни фотографии на својот инстаграм-профил и со кириличен фонт го честиташе православниот Божиќ на милионите следбеници на Инстаграм.

Заедно со  Јелена и нивните деца Стефан и Тара, Новак позираше пред големата новогодишна елка.

„Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ“, напиша тенисерот во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Јелена и Новак се во брак повеќе од 10 години. Се запознале како тинејџери, а ги „споил“ разговорот за спорт.

„На прв поглед ме освои со нејзината насмевка. Секако, изгледот секогаш е на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бог што се запознавме пред да постигнам голем успех, бидејќи знам дека таа е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запозна кога имаше 17 години“, изјави еднаш Ѓоковиќ.

Нивната врска се искомплицирала кога Јелена заминала да студира во Италија, а Новак морал повеќе да се посвети на кариерата. До дипломирањето, парот одржувал врска на далечина, а потоа заедно се преселиле во Монако. Тие се верија во 2013 година, а една година подоцна се венчаа во Свети Стефан во Црна Гора. Четири месеци подоцна Јелена го роди нивното прво дете, синот Стефан. Три години подоцна ја добија ќерката Тара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот