
ФОТО | Скриените пораки зад бомбастичните модни изданија на Меланија Трамп во Велика Британија: За 48 часа смени пет стајлинзи и со секој нешто порача
Најстрасните обожаватели на првата дама на Соединетите Американски Држави пресметаа дека во изминатите осум месеци, колку што веќе трае вториот мандат на Доналд Трамп, Меланија се појавила во јавноста вкупно 22 пати. Колку појавувања, толку и стајлинзи. Но, во последните 48 часа, Меланија Трамп смени дури пет аутфити, а секој на свој начин ги подели критичарите и модните познавачи, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Без разлика дали некои сакаат да го признаат тоа или не, Меланија Трамп уште еднаш остави силен впечаток.
View this post on Instagram
Престојот на Меланија и Доналд Трамп во Виндзор беше обележан со средби што ги надминуваат сите протоколи, но и неизбежни модни дуели со Кејт Мидлтон. Малкумина ја сметаа Камила за закана за атрактивната Словенка.
Но, како што истакнува Џејн Типет во колумна за „Дејли мејл“, секое издание во кое сопругата на американскиот претседател се претставила било исклучително внимателно испланирано. Со војничка прецизност, до најситен детаљ. Меланија, вели таа, почнала да работи на тоа уште во февруари, штом поканата од кралот Чарлс пристигнала во Белата куќа. Секако, имала помош од нејзиниот личен стилист, Ерве Пјер, близок соработник и личност од доверба.
Иако Меланија се смета за икона на стилот на чиј вкус е невозможно да се најде маана, жолтиот фустан во кој се појави на банкетот, според мислењето на влијателните модни љубители, бил промашување. Има и такви што ја доживеале приказната на поинаков начин – како храбар чекор напред. Креацијата, сама по себе, е одлична, сепак, таа е дело на угледната модна креаторка Каролина Херера. Единствено можеби не е за толку висока кралска пригода, не толку поради бојата колку поради отворените рамена.

Во секој случај, храбар потег. Меланија носеше сличен модел како на првиот танц по инаугурацијата на Трамп во јануари. Без разлика како критичарите и печатот ја оценија, сè што носеше Меланија таа вечер беше преполно со самодоверба и веројатно не ја интересирало што мислат другите. А можеби и немаше да се крене толку прашина ако не носеше уште еден драматичен детаљ неколку часа претходно, виолетовиот шешир со широк обод.
View this post on Instagram
„Ниту тоа не беше случаен избор. Меланија има тенденција да го крие лицето, особено очите, што не укажува толку на нејзиниот став и држењето на дистанца, колку на желбата целото внимание да биде насочено кон нејзиниот сопруг. Впрочем, беше во иста боја како и вратоврската на Трамп, што исто така открива посебна врска меѓу нив“, вели Џејн.
Поддршката е очигледна, но исто така е и фактот дека првата дама е одлучна во намерата да создаде сопствен моден кодекс. А бидејќи шеширот го украде шоуто, во втор план остана елегантната комбинација на „Диор“, дизајнирана од поранешната креативна директорка на француската модна империја, Марија Грација Кјури, која секогаш инсистираше на женствени силуети и фини структури.
View this post on Instagram
И прошетката низ градините на Фрогмор во комплексот Виндзор во друштво на принцезата од Велс беше мала модна ревија. Судејќи според високите оценки што ги добија двете за совршени есенски комбинации во сезонската палета, овој дуел беше нерешен. Меланија се одлучи за извидничко-ренџерски стил: карго јакна од велур потпишана од доајенот на американската мода Ралф Лорен, еден од нејзините омилени дизајнери, светло сиви капри панталони и балетанки.

Класичниот тренч мантил на куќата „Барбери“ беше мал знак на внимание кон домаќините, бидејќи таа го избра најпрестижниот британски бренд, кој ужива статус на култ и легенда. Мантил од есенската колекција 2020, кога Рикардо Тиши беше креативен директор, беше придружено со црни панталони и кожени чизми до колена.
За крајот од нејзината посета на Велика Британија, Меланија Трамп покажа кул гламур од Апер Ист Сајд во полн сјај, на што му помогна карамел комбинација од јагнешка кожа – миди здолниште и палто со едноредно закопчување и потписот на луксузниот бренд „Луј Витон“, како и чевли од змиска кожа од ателјето на Маноло Бланик.
Џејн Типет, исто така, забележува дека првата дама на САД имала само едно „британско“ издание во текот на престојот во Виндзор, споменатиот тренч мантил. Нејзините избори беа американски и француски куќи. Зошто толку малку внимание посвети на британската модна индустрија и нејзините перјаници? Па, можеби затоа што ниту тие досега не покажаа голем интерес за неа… Во секој случај, најновата модна офанзива на Меланија Трамп беше повеќе од успешна, а пред сè, забележана.
Си-Ен-Ен: Меланија Трамп има големо влијание врз политиката, иако не е присутна во јавноста