ФОТО | Скандал на црвениот тепих во Кан: Позната пејачка во жестока кавга со член од обезбедувањето

Кели Роуланд / Фото: Profimedia

Пејачката Кели Роуланд направи скандал на Канскиот филмски фестивал, на премиерата на францускиот филм „Марчело Мио“. Таа е фотографирана како жестоко се кара со член од обезбедувањето додека одела на црвениот тепих.

Кели за оваа прилика облече елегантен црвен фустан, но наместо со нејзиниот изглед, вниманието го привлече со нејзиното однесување. Имено, додека таа се качувала по скалите кон театарот, влегла во вербална расправија со член на обезбедувањето.

Фото: no, Credit line: Eventpress Kochan / imago stock&people / Profimedia

Кели се појавила бесна и кревала прст за да ја опомене жената пред толпата. Од обезбедувањето нешто ѝ кажувале, но пејачката продолжила да се качува по скалите. Засега не е познато што го предизвикало овој конфликт. Ова не е првпат да Кели да го покаже своето незадоволство во јавност.

Кели го напушти шоуто „Тудеј“ овој февруари. Се тврдеше дека се откажала од шоуто со водителката Хода Котб затоа што не била задоволна со нејзината гардероба, што ја поттикнало Рита Ора да се вклучи како замена во последен момент.

Фото: no, Credit line: Manuele Mangiarotti / ipa-agency / IPA / Profimedia

Сепак, изворите оттогаш тврдат дека Кели всушност го напуштила шоуто поради „непочитувањето“ на ко-водителката на Хода, Савана Гатри кон неа, која „агресивно“ ја испрашувала за нејзината поранешна колешка Бијонсе, наместо да ја праша пејачката за неа во новиот филм „Меа кулпа’, кој таа требаше да го промовира таму.

Извор за медумите тогаш изјави дека Кели и нејзиниот тим нема да се согласат на интервју кое вклучува прашања за Бијонсе и „Дестинис Чајлд“ бидејќи „таа сака да го остави тоа зад себе“ и да продолжи со нејзината кариера. Но, шоуто „Тудеј“ обично не се согласува дека темите за интервјуа треба да се забрануваат.

ФОТО+ВИДЕО | Сите погледи кон Тамара Калиниќ: Најпознатата српска инфлуенсерка зачекори на црвениот тепих во Кан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот