Фото: Профимедиа

ФОТО | Синот на Елизабет Харли ги воодушеви фановите со новиот изглед: Изгледаш како грчки бог

Синот на актерката Елизабет Харли, Демиен реши драстично да го промени имиџот, а по тој повод објави фотографијата на социјалните мрежи.

Имено, 20-годишниот модел ја скрати својата долга коса која со години е негов заштитен знак. Демиен ги воодушеви следбениците со својата нова фризура, а комплиментите само се нижеа.

„Совршено суштество“, „Изгледаш како грчки бог“, „Ми се допаѓа твојата нова фризура“, „Ќе ми недостигаат твоите кадрици, но и твојата пократка коса изгледа совршено“, му напишаа бројни фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damian Hurley (@damianhurley1)

Додека имаше долга коса, на Демиен често му пишуваа дека изгледа идентично како неговата мајка, 57-годишна холивудска актерка.

Елизабет го доби Демиен во врска со Стив Бинг, кој го призна неговиот син дури откако направи тест за татковство. Тие не беа во добри односи долги години и Демиен порасна само со својата мајка. Пред две години Бинг се самоуби скокајќи од 27-миот кат на луксузна зграда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damian Hurley (@damianhurley1)

„Им благодарам од се срце на сите што ме контактираа по трагичната вест. Се трудам да одговорам на што е можно повеќе пораки, знајте дека секогаш ќе се сеќавам на вашата добрина. Ова е многу чуден и збунувачки период и јас неизмерно сум благодарен што сум опкружен со моето феноменално семејство и пријателите“, напиша тогаш Демијан на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damian Hurley (@damianhurley1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот