
ФОТО | Шверцувале 1.158 часовници фалсификати: Цариниците заплениле лажни „Ролекси“ и други дребулии на „Богородица“
Царинската управа соопшти дека при контрола на стока пријавена за транзит на граничниот премин „Богородица“ биле запленети 1.158 часовници со ознаки на познати трговски марки како „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“, соопшти Царинската управа.
Препорачано

Цариниците на граничните премини и мобилните царински тимови годинава, заклучно со септември, открија 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се речиси 78.000 производи со потпис на познати трговски марки. Од нив во 37 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати на вкупно 27.329 производи.

„Годинава, заклучно септември, откривме 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, што е за над 40 отсто раст во однос на минатата година кога во овој период се откриени 44 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост. Половина од случаите, или точно 32 случаи, годинава се откриени од нашите мобилни царински тимови. Овие резултати јасно ги потврдуваат нашите напори во борбата против трговија со фалсификати“, вели директорот Бобан Николовски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
16мин
-
18мин
-
25мин
-
60мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5