
ФОТО | Шест недели по операцијата на рак на дојка, Џеси Џеј повторно во болница
Пејачката Џеси Џеј (37) неодамна го одржа својот последен настап пред да одлучи да се повлече од сцената поради сериозни здравствени проблеми, пишува „Индепендент“.
Препорачано
Откако ѝ беше дијагностициран рак на дојка, таа веднаш почна да се бори со болеста. Неодамна беше подложена на операција за отстранување на ракот, а потоа со радост објави дека е излечена.

Сега, сепак, таа повторно заврши во болница – но овој пат со сосема поинаква дијагноза.
„Како ги поминав последните 24 часа… Шест недели по операцијата се вратив на истото одделение. Не беше очекувано, ниту планирано. Имав и сè уште имам симптоми што укажуваа на тромб во белите дробови. Фала му на Бога што не е згрутчување на крвта“, напиша пејачката.
Џеси објасни дека лекарите направиле серија тестови кои покажале дека има инфекција и мала количина течност во белите дробови. Точната причина за инфекцијата сè уште не е позната и таа ќе продолжи да прави дополнителни тестови во болничи услови.
„Тешко ми е да дишам, но ме отпуштија синоќа. Мразам да сум во болница“, искрено призна таа, додавајќи дека нејзиното тело јасно ѝ сигнализирало да забави.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
41мин
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5