Шарлиз Терон со своите две деца / Фото:  NGRE / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Шарлиз Терон го облекува синот во фустани и здолништа: На 3 години ѝ рекол дека тој не е момче

Шарлиз Терон со години ја поттикнува светската јавност со облеката и однесувањето на нејзиниот постар посвоен син – кого го нарекува ќерка и гордо во јавноста истакнува дека е мајка на две девојчиња. Секако, славната актерка не одлучила сама да го воспитува и обликува детето во најмладите години според нејзините лични преференци, туку Џексон сам ѝ пришол на тригодишна возраст.

Фото: SL, Terma / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Во една емисија, Шарлиз Терон истакнала дека синот го воспитува и го облекува како девојче и дека „Џексон е девојче исто колку и неговата сестра Август“.

„И јас мислев дека е момче, но тогаш на три години ме погледна право во очи и ми рече: „Јас не сум момче“. И сега имам две мали девојчиња кои сакам да постигнат сѐ што сакаат. Не е моја работа да одлучувам за нивниот пол, тоа им го оставам на нив“, рекла познатата актерка.

Фото: Terma/SL / Backgrid USA / Profimedia

Шарлиз го облекува својот Џексон исклучиво како девојче, па често можеме да го видиме во здолништа и фустани. Исто така, фризурата што ја носи е типична за девојчиња – долги пунџи или собрано опавче на врвот на главата. И тој изгледа среќен.

Сепак, светската јавност не е премногу наклонета кон нејзините методи на воспитување, па често е критикувана, особено кога папарацо фотографите ги овековечуваат и пласираат во медиумите нивните интимни моменти или опуштени прошетки, каде речиси секогаш доаѓа до израз изгледот на нејзиното постаро дете – Џексон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот