Џенифер Лопез со татко си / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Семејни моменти: Џенифер Лопез објави ретки фотографии со татко си, му се заблагодари за поддршката

Американската пејачка и глумица Џенифер Лопез го прослави Денот на татковците на посебен начин, објавувајќи на својот инстаграм-профил досега невидени фотографии со својот татко, Дејвид Лопез.

Џенифер, заедно со емотивна порака, ја нагласи својата благодарност и восхит за неговата поддршка и сила низ годините, а фотографиите го покажуваат нивниот близок однос, од заеднички појавувања на црвениот тепих до семејни моменти.

„Среќен Ден на татковците, тато. Како што минуваат годините и како што стекнувам нови животни искуства, сè повеќе сфаќам колку се извонредни твојата тивка сила и непоколеблива љубов. Твојата доследност, љубезност и внимание отсекогаш ми биле пример за да го живеам мојот живот. Ти благодарам за сè што правиш за мене и моите деца. Ти си, и отсекогаш си бил, мој херој“, напиша таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер Лопез ретко зборува јавно за својот татко, но секој пат кога го прави тоа, изразува длабока почит и благодарност.

Патем, Дејвид Лопез работел во ИТ секторот, а Џенифер често нагласува дека нејзините родители ѝ всадиле вредни работни навики и животни принципи кои таа ги следи и денес.

ВИДЕО | „Повторно очајно издание“: Џенифер Лопез шокираше со провокативен изглед на геј фестивал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот