Instagram

ФОТО: Селма Хајек ги „полуде“ нејзините обожаватели

Селма Хајек честопати ги воодушевува своите обожаватели споделувајќи фотографии од себе, но овој пат се одлучила за „поискусно“ позирање за нејзината најнова фотографија на Инстаграм.

Речиси можам да ја допрам месечината“, напишала актерката под фотографијата, покажувајќи над главата кон малата бела месечина во позадина.

 

Instagram

 

Но, нејзините обожаватели го забележаа и нејзиниот природен изглед. Селма ја покажа својата природно брановидна коса, со беспрекорна минимална шминка, вклучувајќи розови усни.

„Прекрасна коса“, коментираше еден нејзин следбеник, друг додаде: „Твојата коса изгледа прекрасно некако кадрава“. Трет забележа: „Ја обожавам твојата фризура“.

 

Instagram

 

Пред неколку недели 54-годишната актерка доби многу позитивни коментари за „прифаќањето на нејзините бели влакна“. На почетокот на септември, Селма сподели прекрасна фотографија од летниот одмор, без шминка и врзана коса.

 

Instagram

 

На фотографијата, сивите корени на Селма беа видливи а таа напиша: „Белата коса на мудроста“.

Тоа е мојата природна боја, и тоа е мојата природна бела коса. Една од причините што не ја обојувам косата е затоа што немам трпеливост за процесот. Не сакам да го потрошам она што остана од мојата младост преправајќи се дека сум помлада, а потоа да не уживам во животот“, неодамна изјави Селма.

Мојата коса е виткана и дива кога не работам“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот