
ФОТО | Се огласи мајката на починатата Кика: Очајна сум, некој ќе одговара, ќе ги кажам сите детали
Смртта на младата јутјуберка и инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ пред два месеца ја потресе цела Србија, но и регионот, а сега повторно се огласи нејзината мајка Наташа Ѓукиќ Величковиќ.
Препорачано
Несреќната жена вели дека сѐ уште не се знае под кои околности починало нејзиното дете, бидејќи сѐ уште не пристигнале токсиколошките наоди.
View this post on Instagram
„Поминаа два месеца откако ја нема нашата Кика. Секој ден добивам десетици прашања за тоа што и како се случило и зошто не се огласувам, но никој од семејството ги нема клучните одговори“, напишала Наташа, а потоа додала:
„Иако поминаа два месеца, не дојде токсиколошки наод кој е клучен фактор, а од полицијата не добивме информации за истрагата и што се случи кобната ноќ. Ни недостигаат многу информации за да ја склопиме сликата, но тие информации нам не ни се достапни“.
Мајката на починатата јутјуберка најави дека сите детали ќе ги објави во јавноста кога ќе ги дознае.
„Откако семејството ќе ги има потребните информации, ќе се огласам по повод сето тоа, бидејќи не сакам да ве оставам во тишина и ќе одговора кој треба да одговора. Бесна сум, очајна и скршена.“
Да потсетиме, Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва на 8 декември минатата година. Се шпекулираше дека се самоубила поради малтретирањето кое го претрпела на интернет.
Бака Прасе приведен на сослушување во врска со смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ
Кика Ѓукиќ беше позната српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј јутјуб-канал во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади следбеници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.
View this post on Instagram