
ФОТО | Радост на големиот христијански празник: Јордан Митев стана татко по втор пат, се роди малиот Кристијан
На еден од најголемите христијански празници, Крстовден, животот им ја подари најголемата среќа на популарниот македонски фолк-пејач Јордан Митев и неговата сопруга Славица. Во нивниот дом пристигна нов живот, синот Кристијан.
Препорачано
Прекрасната вест парот ја соопшти преку официјалниот фејсбук-профил на пејачот со зборовите:
„Денес на овој убав ден Крстовден, се роди нашиот син Кристијан. Господ нека дарува радост во секој дом“.
За семејството Митев ова е второ дете – по ќерката родена во 2023 година, која ја заокружи нивната шестгодишна брачна приказна и желбата да ја слушнат смеата на дете во својот дом. Со доаѓањето на Кристијан, нивната животна приказна доби уште поголема вредност.
Пејачот, трогнат од огромниот број честитки што пристигнаа од сите краеви на светот, се обрати со емотивна порака:
„Почитувани, Ви благодарам на сите за честитките по повод раѓањето на мојот син. Тагата и болката се намалуваат кога ќе бидат споделени макар со еден човек, а среќата и радоста се зголемуваат и умножуваат кога ќе бидат споделени со повеќе луѓе. Од Канада и Америка преку Европа и Македонија до Австралија и Нов Зеланд – Ви благодарам на искрените честитки и споделената радост. Ви благодарам за честа. Да сте здрави и живи, и Бог нека ви ги услиши сите ваши желби и молитви. Поздрав до сите каде и да сте!“
Јордан Митев повеќе од две децении го има своето место меѓу најголемите имиња на македонската фолк сцена. Раѓањето на синот е нова страница од неговата семејна приказна, исполнета со љубов, радост и благослов.