Кејт Мидлтон со децата / Foto: Printskrin Instagram The Prince and Princess of Wales

ФОТО | Принцезата Шарлот мора да врати подарок вреден 40.000 евра: Откриле и која е причината

Ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцезата Шарлот (9) по раѓањето добила бебешка штракалка вредна 41.510 евра. Но, поради строгите кралски протоколи не можела да го задржи скапиот подарок, пишува британски „Мирор“.

Компанијата „Натурал сафир“ ја изработила оваа штракалка од 18-каратно бело злато, а украсена е со дијаманти, сафири и рубини.

– Кога Кејт и Вилијам се свршија, принцезата носеше прстен со син сафир, кој ѝ припаѓаше на принцезата Дијана. По нивната свршувачка, продажбата на синиот сафир се зголеми, бидејќи жените сакаа да бидат исто како Кејт – рекле своевремено од компанијата.

„Денес продолжуваме да растеме како компанија и среќни сме што го славиме раѓањето на новиот член на кралското семејство. Им благодариме на Кејт и Вилијам што ја претставија нашата компанија во светот, подарувајќи им прилагодено дизајнирано бебешко штракало кое одговара за нивната принцеза“, додале тогаш.

„Подароците за бебиња изработени од скапоцени метали се традиција која датира од 18. век. Нашата луксузна тропалка од 45.000 долари е изработена од 18-каратно бело злато и обложена со сафири, рубини и дијаманти. Таков уникатен подарок, за разлика од кој било друг што ќе го добие од добронамерници од целиот свет, сигурно ќе биде ценет“, се пофалила компанијата.

Сепак, принцезата Шарлот најверојатно не можела да ја задржи бебешкото штракало иако тоа не е потврдено од палатата Кенсингтонската палата.

„Кенсингтонската палата не објави дали Вилијам и Кејт навистина ја примиле раскошната детска играчка со оглед на тоа дека подароците од комерцијални компании не се прифаќаат“, објаснува „Експрес“.

 

Фотографиите од скапоцениот подарок што треба да го врати принцезата Шарлот можете да ги погледнете ТУКА.

Кејт Мидлтон се врати на социјалните мрежи: Принцезата сподели емотивна објава, прва откако откри дека има рак

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

 

Зошто баш таа поза? Експерт открива зошто Вилијам и децата ѝ свртеле грб на Кејт на новата фотографија која таа ја направила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот