Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Позната украинска снајперистка се омажи за соборец на првата линија на фронтот

Украинската снајперистка Евгенија Емералд, попозната како украинската Јованка Орлеанка, се омажи за војник што го запознала на почетокот на руската инвазија, јавува „Одеса журнал“.

Евгенија и нејзиниот избраник, соборец Евгениј Стипањук, се венчале во петокот во близина на фронтот во шума во регионот Харков. Датумот на венчавката за нив имал посебно значење – во петокот бил Денот на бранителите, државен празник во чест на ветераните и загинатите припадници на вооружените сили на Украина, а бил и роденден на Стипањук.


Церемонијата ја водел воен генерал.

Двојката се вљубила веднаш по почетокот на инвазијата во Украина, а се свршиле во август.

„Сфаќаме дека секој ден може да биде последен и не сакаме да го одложуваме животот за подоцна“, напишала Емералд на Инстаграм.

На фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи, Евгенија носела долга бела венчаница, а нејзиниот сопруг се одлучил за војничка униформа. Наместо цвеќе, невестата во рацете држела класови од пченица.


Фотографиите од својот посебен ден ги споделила на Инстаграм и напишала дека „не можела да замисли поидеална венчавка“.

„Денеска и официјално станав сопруга на војник. Тоа се случи на првата линија на фронтот и генералот на Вооружените сили на Украина ја водеше церемонијата“, напишала таа.

– Ова е посебен ден – има многу причини за славење. Сакам да им честитам на сите бранители. Слава на хероите! Му честитам и на мојот сакан, бидејќи денеска му е роденден. Сега сигурно никогаш нема да го заборави датумот на својата венчавка“, додала Емералд.


Познато е дека пред почетокот на војната, Евгенија Емералд се занимавала со накит. Со почетокот на конфликтот, таа се приклучила на одбраната, а потоа и во полкот на специјалните сили „Сафари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот