
ФОТО | Последната фотографија на Ен Хеч: 20 минути пред несреќата влегла во продавница и насмеана се фотографирала
Само 20 минути пред да удри со својот автомобил во куќа, актерката Ен Хеч насмеана позирала со сопственикот на продавница за перики. Тој ја опишал средбата, несвесен дека наскоро ќе дознае дека актерката е во тешка состојба откако предизвикала една сообраќајна несреќа, побегнала, а потоа удрила во куќа во Лос Анџелес.
Препорачано
„Денеска ја запознав Ен Хеч, купи црвена перика… Го обожавам Венис Бич“, напишал тој покрај фотографијата на која тој и Хеч се смеат кон камерата.
View this post on Instagram
Набргу по таа фотографија, Хеч влегла во автомобилот и се забила во куќа во Лос Анџелес. Нејзиниот автомобил се запали, а таа се здоби со тешки повреди на мозокот и изгореници по телото. Откако лекарите му соопштиле на семејството дека нејзиниот мозок е премногу оштетен за да преживее, семејството одлучило да ги донира органите на актерката, која всушност, била и нејзина желба.
Иако е јасно дека и понатаму се борела со траумите од детството, од фотографиите кои ги објавила на социјалните мрежи изгледало дека Ен конечно живее среќен живот.
Последнатафотографија ја објавила на 14 јули.
View this post on Instagram
„Прекрасни моменти на снимање со браќата Лоренс“, напиша таа фотографии со Џои Лоренс, неговата сопруга Саманта и братот Ендру.
„Дејли мејл“ пишува дека добила мала улога во романтичната комедија „Frankie Meets Jack“, која се снимаше во Масачусетс. Снимањето на филмот беше завршено во средината на јули, а се очекува да излезе следната година.
View this post on Instagram
По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот
По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот
Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа: Огнот го гаселе 59 пожарникари