Фото: Икс

ФОТО | Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа во 2011 таа поднесе барање за развод. Поранешна сопруга на актерот, објави нова книга, мемоари „Јас сум Марија“.

Во извадокот од книгата објавен во јавноста, Шрајвер опишува серија настани од јануари 2011 кои ѝ го промениле животот, а еден од нив е крајот на бракот со Шварценегер по  цели 25 години поминати заедно.

„Потоа година и пол подоцна, се чинеше дека се целиот тој пекол исчезна“, напишала таа во извадокот, мислејќи на годините по смртта на нејзината мајка во 2009 година.

„Мојата работа како прва дама заврши. Татко ми почина. А потоа дојде уште еден катастрофален удар што  ми го промени животот, мојот брак од дваесет и пет години се распадна“.

Парот првпат се запозна и почна да се забавува во 1977 година, а по осум години врска, се венчаа во април 1986 година.

Опишувајќи ги првите денови од нивната врска, Шрајвер објасни дека нејзината „привлечност кон него била моментална“, но дека нејзиното „семејство било шокирано“.

„Никој не ја разбра мојата врска со Арнолд. На крајот на краиштата, Арнолд беше републиканец, бодибилдер и сакаше да биде филмска ѕвезда“, напиша таа и додаде:

„Живееше во двособен стан и носеше „Спидо“.

Таа истакна дека морала да ја остави својата новинарска кариера кога Шварценегер решил да се кандидира за гувернер на Калифорнија поради потенцијална „појава на конфликт на интереси“, но објасни дека нејзината нова цел била „да стане прва дама на Калифорнија!“.

Нивниот брак завршил во 2011 година, кога Шварценегер признал дека станал татко за време на вонбрачната врска со домашната помошничка Милдред Баена пред 14 години.

Во својата книга, Шрајвер објаснила дека „без брак, родители и работа била преплашена“.

„Бев обземена од тагата и бев збунета. Се менуваа на периоди стравот, тагата и вознемиреноста и анксиозноста. Не бев сигурна која сум и каде припаѓам. Искрено, беше брутално и бев преплашена“, рекла таа.

„Додека седев на подот од мрачната хотелска соба, со солзи што ми течеа по лицето, си помислив: „Марија, ова не мора да биде твојот крај“.

Откако поминала некое време во манастир, Шрајвер открила дека почнала да пишува поезија.

„Исто така, морав директно да се соочам со други лажни верувања – за стареењето и за тоа да се биде сам. Порано верував дека ако немаш партнер, мора да си недостоен за љубов. Научив дека ништо не може да биде подалеку од вистината.“

Поранешниот пар го финализираше разводот во декември 2021 година, но остана во пријателски односи. Тие повремено беа фотографирани заедно, на пример во 2020 година, Шрајвер им се придружи на децата по повод прославата на 73-тиот роденден на Шварценегер.

Во мај 2023 година, Шварценегер зборуваше за разводот од негова перспектива, велејќи за „Холивуд Репортер“ дека „на почетокот му било многу тешко“, но дека „на крајот продолжил понатаму“. Тој додаде дека двајцата се „навистина добри пријатели“.

„Повеќе од сè, ние сме горди на начинот на кој ги воспитавме нашите четири деца. Ако има Оскари за начинот со кој се справиме со разводот, јас и Марија треба да ги добиеме бидејќи тој најмалку влијаеше на нашите децата. Тие ја наследија  добрината и нежността од мојата сопруга, а дисциплината и работна етика  од мене“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот