Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

ФОТО: Поради него плачеше во Рио, Аргентинецот со порака за Ѓоковиќ

Светските обложувалници и тениските експерти сметаат дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е главниот фаворит за златниот медал на Олимпијадата во Токио.

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро испрати порака до српскиот ас. Дел Потро беше подобар во 2012 година во мечот за бронзата во Лондон, а четири години подоцна и во Рио де Жанеиро во првото коло после кое Ѓоковиќ го напушти теренот во солзи, а сега му испрати порака:

– Ќе те гледам! Овојпат имаш шанса, пријателе – напиша Дел Потро.

И годинава Ѓоковиќ се наоѓа во одлична натпреварувачка форма, ги освои грен слем турнирите „Австралија опен“, „Ролан гарос“ и неодамна „Вимблдон“, а сега го лови олимпиското злато во Токио.

– Чест ми е што ќе играм за мојот народ и мојата земја на Олимписките игри! – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ пред тргнување за Токио: Златниот медал на ОИ е една од целите за оваа година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот