Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Погледнете ги новите фотографии од Кејт Мидлтон што го обиколија светот: Ги шокираше сите со драстична промена на имиџот 

Последното појавување на принцезата од Велс Кејт Мидлтон предизвика големо внимание во јавноста. Се чини дека принцезата одлучила да направи драстична промена на својот имиџ.

Кејт Мидлтон се смета за една од најубаво облечените принцези, но и воопшто, жени во светот. Често можеме да ја видиме во комбинации кои зрачат со чиста елеганција, а минималистичките изданија се нејзин заштитен знак.

Светот последниот пат кога го воодушеви беше со креацијата на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ на Вимблдон, а сега отиде чекор понатаму и направи драстична трансформација на својот имиџ.

Принцезата од Велс неодамна беше фотографирана во автомобил, придружувана од принцот Вилијам и нивните деца. Како што објавија странските медиуми, семејството се упатило кон црквата во Шкотска поради извршување на кралските должности.

И токму Кејт Мидлтон го привлече вниманието. Фотографите малку видоа од неа, но нејзината коса беше во преден план. Имено, наместо темни кадрици, кои ја красат убавата принцеза со години, сега русите кадрици беа видливи низ прозорецот на автомобилот. Убавата принцеза станала русокоса.

 


Нејзината промена на бојата на косата ја анализирале стилисти, но и психолози кои веруваат дека ова е начин да го привлече, односно одвлече вниманието по нејзината борба со ракот.

 

ФОТО | Кејт Мидлтон и принцот Вилијам повторно ја кршат традицијата 

ФОТО | Kејт Мидлтон на финалето на Вимблдон носеше фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот