
ФОТО | Путер жолта е нијансата што ќе се носи оваа пролет: Беше хит летото 2024 и повторно е популарна
Кога зборуваме за модните трендови кои нѐ очекуваат во текот на пролетта и летото, заедно со бордо бојата која ги освои продавниците за облека и леопардскиот принт, во 2025 година насекаде ќе видиме уште една боја – нијанса наречена „путер жолта“.
Препорачано
View this post on Instagram
Станува збор за деликатна, светла нијанса на жолта, која всушност ги освои модните писти минатото лето, како и плакарите на модните инфлуенсери, а судејќи според нејзината непоколеблива популарност – ќе ја гледаме и оваа пролет и лето.
Почнувајќи од лесни блузи и кошули, до тенки здолништа и фустани, путер жолтата носи свежина во секој аутфит, па не е изненадување што таа е изборот за претстојните потопли денови оваа година.
View this post on Instagram
„Путер жолтата боја е постојан тренд во различни периоди со години. Ова го знам затоа што луѓето секогаш ме означуваат кога ќе се спомене некаде“, тврди модниот инфлуенсер Харлинг Рос Антон.
Обновувањето на путер жолтата делумно беше поттикнато од Тимоти Шаламе на Оскарите, а една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, Сабрина Карпентер, често ја носеше оваа боја на турнеја.
Бидејќи станува збор за боја која лесно се комбинира, на стајлингот може да се пристапи на многу начини, што го прави особено прилагодлив за оние кои не сакаат светли бои.
View this post on Instagram