
ФОТО | Откако јавно ја изневери бившата, Дамијано од „Манескин“ има нова девојка: 4 години постара актерка и пејачка
Светската јавна сцена изгледа има нов пар. Дамијано Дејвид се почесто се гледа со познатата актерка Доув Камерон, која е 4 години постара од него.
Препорачано
Актерката е видена со Дамијано во Сао Паоло, Бразил како го напушта концертот на бендот „Манескин“ и заедно влегле во автомобил.


Доув Камерон присуствувала и на њујоршкиот концерт на популарната група во септември годинава, а минатиот месец се шушкаше дека тие се бакнале на забава.
Фронтменот на „Манескин“ беше во врска со Џорџа Солери и се чинеше дека таа врска ќе трае, се до пред неколку месеци кога тој објави дека раскинале.
Доув Камерон е американска актерка и пејачка. Таа играше двојна улога во хумористичната серија на каналот Дизни, „Лив и Меди“, за која беше наградена со Еми, награда за најдобра актерка во детска програма.
Дамијано Дејвид, кој го нарекуваат најзгодниот дечко во Европа, кој сериозно го редефинира концептот на машки стил и машкост, во јуни оваа година за „Пипл“ откри дека раскинал со Џорџа Солери. Пред тоа на социјалните мрежи се појави видео на кое се бакнува со друга девојка. Рече дека му е жал за ваквиот расплет на настаните и објави дека е сингл.
ФОТО+ВИДЕО | Рок венчавка: Членовите на „Манескин“ направија свадба во Рим