ФОТО | Осомничените за терористичкиот напад во Москва изведени пред суд

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Осомничените за нападот во концертната сала во Русија, во кој загинаа најмалку 137 лица, вечерва се изведени пред окружниот суд во Москва.

Како што пренесуваат руските медиуми, на двајцата осомничени ќе им се суди за „тероризам“.

Еден од осомничените, Далерџон Мирзоев, беше одведен со врзани очи во судницата. Му го извадија превезот и се гледаше дека около му е поцрнето.

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Околу судот имаше силно полициско присуство, кое се очекува да определи ограничувања пред судењето за мажите, кои се осомничени дека отвориле оган врз толпата посетители на концертот во салата „Крокус“ во главниот град.

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руските власти претходно соопштија дека се приведени 11 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот