ФОТО: Oрбан се појави во јавност со шал од „Голема Унгарија“

Орбан со шал од „Голема Унгарија“/ Фото Некста Твитер

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан учествуваше на пријателскиот натпревар на Унгарија во фудбал носејќи шал со мапата на „Голема Унгарија“.

На таа мапа се делови од денешна Австрија, Словачка, Србија, Хрватска, Украина и Романија.

Ова не е првпат Орбан да „провоцира“ користејќи ја оваа мапа, откако во 2020 година хрватските и романските лидери остро ги осудија неговите објави на социјалните мрежи.

Тој тогаш им посака среќа на студентите за последните испити, објавувајќи глобус со „Голема Унгарија“ на мапата на Европа.

Картата на Голема Унгарија е симбол на унгарскиот ревизионизам кој се почесто го користат функционерите од Будимпешта.

Потегот на Орбан доаѓа само неколку дена по дискусијата со романскиот министер за надворешни работи во која двајцата се осврнаа и на „прашањето на приватните посети на Романија од страна на некои унгарски официјални лица и несоодветните јавни изјави испратени од нив“.

Од Романија веднаш стигнаа реакции на потегот на Орбан.

Алин Митута, романски пратеник во Европскиот парламент, на Twitter порача дека поради вакви работи лидерите на Европската Унија треба да го казнат и изолираат Орбан.

„Ова е уште еден неодговорен потег на Виктор Орбан, кој денеска се појави со шал со карта на Голема Унгарија. Тоа е ревизионистички гест што го става Орбан покрај Путин, кој исто така сонува за промена на границите. Лидерите на ЕУ треба да го санкционираат и изолираат во Европскиот совет“, пишува Митута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот