Ноне Неделковска - Фото: Инстаграм

ФОТО | Ноне Неделковска го прослави 39. роденден: „Светот ми даде повеќе од знаменитости, ми даде љубов и лекции за животот“

Една од најпознатите учеснички на музичкото шоу „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, која во втората сезона го освои второто место, пејачката Ноне Неделковска, го прослави својот 39-ти роденден. Иако јавноста ја запозна преку музиката, животот ја однесе на едно поинакво патување, таа со години работи на крузери и патува низ светот.

Ноне на социјалните мрежи сподели колаж од фотографии и откри дека досега има посетено дури 75 земји. Во емотивната објава таа напиша дека токму патувањата ја направиле посреќна и побогата личност:

„39 денес. Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а потоа работејќи на крузери – најдобрата одлука во мојот живот! Светот ми даде повеќе од само знаменитости – ми даде лекции, перспективи и подлабока љубов кон луѓето насекаде.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

 

Неделковска призна дека ниту една фотографија не може да ја долови магијата на она што го видела и доживеала. Патувањата, како што вели, ѝ ја промениле душата, ѝ го прошириле хоризонтот и ја направиле подобра личност.

Со поглед свртен кон иднината, Ноне сподели и еден личен сон – остатокот од светот да го истражува заедно со својата посилна половина и ако Бог даде, со своите деца.

„За авантурите зад мене и за оние што сè уште ме чекаат“ заврши таа.

На овој нејзин посебен ден, публиката и пријателите ѝ испратија искрени честитки, со желби за уште многу патувања, музика и исполнети соништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот