Фото: Хозе Каприлес / Пен Стејт

ФОТО | Неверојатно откритие во Боливија: Пронајдени остатоци од мистериозен храм изграден пред 1000 години

Група археолози открија во Боливија остатоци од масивен храм, изграден пред 1.000 години во Андите од страна на луѓе од една изгубена, мистериозна цивилизација, пренесуваат странските медиуми.

Археолозите открија храм наречен Паласпатa на врвот на планинските падини југоисточно од езерото Титикака, во близина на малото гратче Окотави, во западна Боливија.

Оваа масивна структура е изградена од цивилизацијата Тиванаку, која во својот најславен период градела камени структури, напредни системи за наводнување и изработувала грнчарија и уметнички дела пред да исчезне околу 1.000 година од н.е.

Археолозите ископале област долга 125 метри и широка 145 метри, каде што пронашле 15 четириаголни структури околу централниот двор поврзан со означувањето на рамноденицата, моментот кога многу древни култури ги извршувале своите ритуали.


Истражувачите веруваат дека на таа локација живееле повеќе од 20.000 луѓе, а некои од камените згради тежат повеќе од 100 тони, што сведочи за високо организираната работа и планирање на жителите.

„Ова не било само храм, туку стратешка раскрсница на трговски патишта“, рекол археологот од Универзитетот во Пенсилванија, Хозе Каприлес.

Според него, ова општество, кое се распаднало пред околу 1.000 години, било во урнатини кога Инките ги освоиле Андите во 15 век. Зад себе оставило низа импозантни камени структури и други згради, како и системи за наводнување.

Истражувањето е објавено во списанието „Антиквити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот