
ФОТО | Несовесни граѓани направиле мини депонија на Водно
Утрово неубава слика на Водно – несовесни граѓани направиле мини депонија, иако деновиве е актуелна темата за депониите низ Скопје и загадениот воздух од пожарите, кои го завиткаа градот во магла.
Препорачано
Ветрот утрово го прочисти воздухот во Скопје. Времето е посвежо и ветровито, па конечно се дише, но сепак лошите навики и некултурата останаа.
Фотографиите утрово до „Слободен печат“ ги испрати редовен читател.


Граѓани со денови протестираат на раскрсницата кај мостот „Близнаци“, помеѓу општините Аеродром и Гази Баба, поради загадувањето на воздухот од пожарите на „Вардариште“ и „Дрисла“.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави строги казни за подметнување пожар, но и за несовесни граѓани кои ќе фрлаат ѓубре на несоодветно место.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, испрати препорака до општините да спроведат детални контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
20мин
-
21мин
-
25мин
-
26мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5