
ФОТО | Неодоливи кадри: Таско сподели семејна фотосесија од првиот роденден на ќерката Кирјана
Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа неодамна уживаа во еден од најубавите и најемоционални моменти во својот живот – првиот роденден на својата ќерка Кирјана.
Препорачано
Сега тие направија неодолива семејна фотосесија за роденденот на ќеркичката Кирјана која Наташа ја објави на социјалните мрежи.
На една од фотографиите, малата Кирјана е заедно со Таско, Наташа и братчето Лукијан а на другите седи под голем балон со форма на бројот еден.
View this post on Instagram
Патем, по повод роденденот на Кирјана, раперот сподели и емотивно видео на социјалните мрежи, кое ја раскажува нивната приказна од првиот ден, од моментот на раѓањето на малата принцеза, па сè до нејзината прва насмевка, првиот чекор и првата свеќичка.
„Не знам кај ќе нè носи патот низ животов. Но, знам дека кога надвор ќе врне, ќе бидам твојот чадор. Кога ќе е ладно, ќе бидам тука да те стоплам. Кога светот ќе се руши, ќе направам нов. Кога животот ќе те бутка, ќе бидам зад тебе. Не можам да бидам тука засекогаш, но ветувам дека се дур дишам, ќе ја имаш мојата заштита, поддршка и љубов. Среќен роденден крофно моја, и фала ти што ме направи подобар човек“, напиша Таско.
Да потсетиме, Таско и Наташа се во брак речиси три години, а во јуни 2023 година го добија синот Лукијан.