Фото: Инстаграм/Мили Боби Браун

ФОТО | „Нашиот октомври“: Мили Боби Браун и Џејк Бонџови споделија слика со девојчето што го посвоија

Актерката Мили Боби Браун и нејзиниот сопруг Џејк Бонџови споделија неколку фотографии со своето бебе, откако летово станаа родители преку посвојување.

Дваесет и едногодишната ѕвезда објави серија фотографии на Инстаграм, меѓу кои и нежна семејна фотографија со сопругот и нивната ќеркичка.

На фотографијата тројцата се возат на атракцијата „It’s a Small World“ во Дизниленд, прегрнати и насмеани. Мили и Џејк ги потпираат главите еден на друг, гледајќи ја нивната ќерка, чие лице актерката внимателно го заматила.

„Мојот ‘Тејлор Свифт октомври’“, напиша Браун во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Мили Боби Браун
Фото: Инстаграм/Мили Боби Браун
Фото: Инстаграм/Мили Боби Браун

Подоцна, таа откри дека ова лето заедно го посвоиле своето „слатко девојче“.

„Ние сме пресреќни што тргнуваме во оваа нова, убава приказна на родителството, со мир и приватност. А потоа станавме тројца“, напиша актерката.

Мили и Џејк ја започнаа својата врска во 2021 година, кога тој сподели заедничка фотографија на социјалните мрежи. Прво биле пријатели, а подоцна почнале да се забавуваат, откри Мили во интервју во 2022 година. Двојката се венча тајно во мај 2024 година.

Откако станаа родители, и двајцата споделија неколку фотографии со бебешка количка и носилка, без да го откријат лицето на малечката.

На почетокот на септември, актерката објави серија фотографии на кои нејзиниот сопруг држи бебешка носилка додека оди кон авион, а под неа се гледа бело ќебенце.

Кон крајот на септември, славниот пејач Џон Бон Џови, таткото на Џејк, се појави во епизода од поткастот „Dumb Blonde“ на Бани ИксО и зборуваше за тоа како е да се биде дедо.

„Лудо, но прекрасно. Тие посвоија девојче и, секако, ја запознавме. Веднаш станува твоја внука“, рече тој со насмевка.

„Тоа е прекрасно, сакам секој ден да гледам фотографии. Веќе сум тој ‘досаден дедо’. Пресреќен сум“, додаде пејачот.

ФОТО | „Ти сѐ уште си дете“: Мили Боби Браун се сврши со синот на Џон Бон Џови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот