ФОТО | На скандалите им нема крај: Бјанка Ценсори во боди и боса шета низ Дизниленд

Канје Вест и Бјанка Ценсори / Foto: GAMR KHROME / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори го посетија Дизниленд и речиси беше невозможно да не предизвикаат нова лавина критики за својот стил или, како што некои би рекле, модниот невкус. Најголемо внимание привлече нејзиното модно издание – особено фактот што одела „боса“ иако многумина забележале необичен детаљ на нејзините нозе – налик на „получорапи“ со отворени прсти.

Канје Вест бил далеку „пообично“ облечен од својата сопруга Бјанка Ценсори и не му е нималку непознато да прави таков контраст. Нејзиното модно издание е крајно необично – налик на боди и ткаенина која е залепена преку него.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


„Одењето бос во Дизниленд е лудост“, „Да дојдеше некој од нас вака облечен во Дизниленд, ќе беше избркан“, „Дизниленд е место за семејни собири и боси нозе и „полуголите“ стајлинзи не се соодветни“ , „Исклучително непристојно“, ги критикуваат на Инстаграм каде истакнуваат дека Канје Вест и Бјанка со тоа бараат внимание.

Велат и дека е непристојно да се „шета низ Дизниленд без чевли“, но има и такви кои се грижат за Бјанка и велат дека може да се повреди. Го критикуваат Вест затоа што оди облечен во чевли, но секако не е првпат главниот товар да биде на Бјанка.

Многумина мислат дека тој целосно го одредува нејзиниот стил на облекување или соблекување во јавност, ова мислење го делат и нејзиното семејство и пријателите, но треба да се каже дека Бјанка претходно работеше во неговиот моден бренд на истакната позиција.

„Необичните обувки“ на Бјанка Ценсори продолжуваат да се коментираат на Инстаграм, каде има многу луѓе кои ја поддржуваат неа и Вест.

ФОТО | Сопругата на Канје Вест полугола на вечера: Облекла само градник и хулахопки, а интимната зона ја покрила со чантата

ФОТО | Сопругата на Канје повторно полугола: Раперот ѝ ги соблече хулахопките за да го покаже нејзиниот задник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот