
ФОТО | На одмор во Кенија, се заљубила во Масаи воин, ги оставила сопругот и трите деца: Она што следело ѝ го уништило животот
Поранешната фризерка Шерил Томасгуд , сега 65-годишна жена од Сомерсет, се најде на насловните страници пред три децении кога го напушти својот сопруг Мајк Мејсон и нивните три деца поради љубовта кон еден Масаи воин. Таа сега вели дека жали за тоа, се чувствува искористена и дека нејзиниот поранешен партнер од Кенија, Даниел Лекименчо, ја искористил нивната врска како „карта за излез од сиромаштијата“ за да започне нов живот во Велика Британија, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Шерил имала 34 години кога отишла на одмор во Кенија во 1994 година. Таму, во туристичко одморалиште во Момбаса, го запознала 24-годишниот Даниел, висок и харизматичен Масаи маж кој изведувал традиционален танц за туристи. За неколку недели, Шерил донела шокантна одлука – ги оставила сопругот и нивните три деца за да живее со Даниел во каллива колиба во оддалечен дел од Кенија.
Таму спиела на козји кожи, пиела кравја крв и јадела зелка, и помагала во ловот и готвењето. Сепак, една година подоцна, двојката се преселила во Велика Британија и на 14 февруари 1995 година се венчале во матична канцеларија на островот Вајт, облечени во традиционална масаи облека. Следела нова фаза од животот – се вратиле во удобен живот во Велика Британија, почнале да планираат семејство, а Шерил сакала да биде поблиску до своите деца. На крајот, таа и Даниел ја добиле ќерката Мисти, која сега има 27 години. Сепак, бракот брзо тргнал наопаку.
„До ден денес чувствувам дека ме искористи“, призна Шерил во ексклузивно интервју за „Дејли мејл“.
„Кога дојде во Англија, сè се промени. Стана опседнат со пари, луксузна облека и постојано се жалеше. Тој повеќе не беше духовниот воин во кој се заљубив, туку стана огорчен и себичен човек.“
Шерил се присети како на почетокот бил шармиран од британскиот живот, но набрзо сè било подредено на неговите потреби. Тој секогаш сакал повеќе пари, поголема куќа. Таа му праќала пари нему и на неговото семејство во Кенија, но никогаш не било доволно. Признала дека почнала да се сомнева дали тој некогаш навистина ја сакал.
Парот се разведе во 1999 година, а Шерил сега живее сама и вели дека нејзините пријатели во нејзиното мирно соседство дури и не ја препознаваат од медиумската приказна. Покрај емоционалната траума, таа открила и болна вистина од детството – со години била сексуално злоставувана, пораснала во алкохоличарско семејство и била на работ на самоубиство кога еден пријател ја убедил да оди на одмор во Кенија.
„Даниел во тоа време ми се чинеше дека носи мир, духовност, нов почеток. Но, вистината е дека само се обидував да избегам од мојот несреќен живот“, признала таа за „Дејли мејл“.